Јотиќ прво си обезбеди трансфер во Бундес лига, па се ожени (ФОТО)

Средниот бек Ловро Јотиќ, кој последните две сезони од неговата кариера ги мина во Македонија, го потпиша најважниот животен договор.

Тој стапи во брак со долгогодишната девојка Јелена Љубичиќ, а свадбената церемонија се одржа во Хрватска.

Екс членот на Вардар и Еурофарм Пелистер, заминува во Бундес лигата и во следните две години ќе ги брани боите на Лајпциг.