Јоновски: Додека не можевме да тренираме, работев со тренерите на Струга и на Пелистер

Тренерот на Ратинген и еден од членовите на стручниот штаб на Кирил Лазаров, Ацо Јоновски и понатаму е во центарот на вниманието со својата работа во клубот каде што ја заврши играчката кариера.

Во интервју за сајтот на клубот тој зборува за својата тренерска кариера и за тоа како го поминал времето на почетокот на оваа година. Јоновски зборува за својот претстој во Македонија за време на одморот кога имал можност и да одмори и да работи.

„Не можевме да тренираме во Ратинген, па видов каде можам да одам на некој вид обука во друга земја. За време на зимскиот одмор бев во Македонија, па овој период го искористив за да бидам присутен и на секој тренинг на мојот матичен клуб во Струга. Тренерот во овој тим ми е одличен пријател, па можев да работам со него и да му помогнам на тимот. Потоа бев и во Битола во Еурофарм Пелистер. Овој клуб играше во осминафиналето од Лигата на Европа против Магдебург во Лигата на Европа. Тренерот Жељко Бабиќ е многу добар стратег од кого имав можност многу да научам. Јас сум сè уште млад тренер и затоа секој совет и секоја можност да работам со искусни стратези е многу вредна за мене“, вели Јоновски во интервју за клупскиот сајт.

Ратинген е тим кој покажува конкурентност во последните сезони, а откако е тренер Јоновски покажува напредок и во резултатите.