Јовановска и Николиќ решија сè уште во првиот меч, веќе имаат осминафинале

Интернационалките од Македонија кои настапуваат во редовите на ПАОК, Дајана Јовановска и Марија Николиќ имаа добар натпревар со својот тим во 3. коло од Европскиот куп и уште на првиот двобој го решија пласманот во осминафиналето. Денеска го совладаа Кавалиери од Малта со 46:16 и тука веќе нема дилеми кој оди понатаму.

И двете средби се играат на Малта така што в недела ќе биде само формално доработување на задачата за да се дојде до посакуваното.

ПАОК се одлучи на двата натпревари да биде гост, а јасно е дека е далеку поквалитетен од својот противник така што уште на првиот натпревар се виде разликата.

На овој дуел настапија и двете интернационалки од Македонија. И Јовановска и Николиќ имаа по два гола и учествуваа во овој триумф. Сепак, немаше потреба да се форсира бидејќи со оваа голема разлика само се најави пласманот во следнара рунда и останува в недела местото во следната фаза да биде потврдено.

Вториот натпревар кој се игра исто така на Малта, а на кој според записник домаќин е тимот на ПАОК се игра в недела од 18 часот.