Јовановска блескаше на македонскиот гол, доби МВП признание!

Женската кадетска репрезентација на Македонија одигра нерешено, 20-20, со селекцијата на Шведска и се наоѓа на чекор до четвртфиналето на СП.

Вистинска драма се случуваше во финишот на овој меч, кога во последната минута Шведска поведе, а Македонија израмни на пет секунди до крајот.

Последниот гол беше дело на Дукоска, но голманката Марија Јовановска која собра 11 одбрани против скандинавките беше прогласена за МВП на мечот.

Младеновска даде пет гола, Дукоска и Велкова по три гола за нашата селекција. За Македонија следува ден пауза, а на 5 август ќе се соочи со селекцијата на Исланд, која веќе е сигурен четвртфиналист на Светското првенство.

За избраничките на Савевски ќе биде доволен и бод за место меѓу осумте најдбори во светот.