Јованка Радичевиќ во хумана мисија, со две колешки донираа по 1000 евра

Поранешната ракометарка на Вардар, која беше и капитен на „црвено-црните“, Јованка Радичевиќ донираше 1.000 евра заедно со уште две свои колешки.

Таа и нејзините соиграчки од Будуќност, Мајда Мехмедовиќ и Милена Раичевиќ се одлучија да му помогнат на Националното координациско тело за заразни болести на Црна Гора.

„Чест ни е да се придружиме на бројните луѓе со добра волја и на пријателите на Црна Гора во овие тешки и неизвесни денови. За сите нас ова е најтешкиот натпревар, но верувам дека заедно ќе излеземе како победници“, коментираат Радичевиќ и колешките.

Инаку, и Црна Гора е во битка со тешката заразна болест како и цела Европа и целиот свет така што секоја помош во овие моменти на кој било начин е добредојдена.