Јована Мицевска има ТОП 5 одбрана на ЕП (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Македонија на стартот на ЕП беше поразена од актуелниот олимписки првак Франција со 24:14, а во натпреварот со ,,триколорките” солидна меѓу стативите беше голманката Јована Мицевска, која забележа десет интервенции

Медиа тимот на Европската ракометна федерација (ЕХФ) по завршувањето на вчерашните одиграни натпревари од Ц и Д групата ги избра најдобрите одбрани, а Мицевска има една од нив.

Покрај Мицевска, во изборот се уште одбраните на Клеопатра Дарле од Франција, Јулија Думанска од Романија, Катарина Филтер од Германија и Марина Рајчиќ од Црна Гора.

Македонија утре со почеток од 18:00 часот во СЦ ,,Борис Трајковски” ќе и се спротистави на Холандија.