Јована Мицевска има ТОП 5 одбрана – во друштво на Лунде, Вестер, Блажек…(ВИДЕО)

Женската сениорска репрезентација на Македонија со пораз од Црна Гора со 21-29 го стартуваше настапот во ЕХФ Евро Купот.

Една од најдобрите во македонскиот состав беше голманката Јована Мицевска со 11 интервенции.

Медиа тимот на ЕХФ ги избра најдобрите погодоци и одбрани по првото коло од квалификациите за ЕП и од Евро Купот, а Мицевска има една од нив.

Покрај Мицевска, во изборот се уште одбраните на Петра Блажек од Австрија, Катрине Лунде од Норвешка, Жудит Балог од Украина и Тес Вестер од Холандија.