Јована Мицевска доби нов договор, уште две години во Ница

Ракометарката која во последните две сезони го носеше дресот на тимот на Ница, Јована Мицевска ќе продолжи со настапите за тимот каде што тренер е поранешниот репрезентативец на Македонија, Марјан Колев.

Добрите игри кои ги прикажа Мицевска во последната сезона и одличната форма која можеше да се забележи и на натпреварите за националниот тим беа причина за да добие нов договор.

Таа ќе ја продолжи својата кариера во овој тим и ќе игра во Ница и во следните две сезони така што добива можност за уште поголем напредок.

Во последната сезона имаше забележителни партии, а екипата заврши на 5. позиција во најсилната лига на Франција.