Јехона донесе нов голман пред стартот на прволигашкиот плеј-оф

Тимот на Јехона од Гостивар донесе уште еден нов играч пред стартот на натпреварите во плеј-офот од Првата лига.

Станува збор за голманот Газменд Тахири, кој има настапувано за тимовите на Пролет и Риниа А.

Претходно прволигашот ги засили редовите со пикерот Небојша Василевски, левото крило Александар Стојчески, како и голманот Дарко Димитриески и левиот бек Филип Илиески, кои се вратија во матичниот клуб.

Јехона во плеј-офот за суперлигашкиот бараж ќе се бори со Вардар Неготино, Аеродром, Скопје, Металург РА, Делчево, Шампион и Куманово, а наптреварите ќе стартуваат во март.