Јехона го комлетираше тимот – договори потпишаа седум млади ракометари

Екипата на Јехона го комплетираше составот за новата сезона во Првата лига, откако потпиша договори со седум ракометари од младинските категории на тимот од Гостивар.

Станува збор за Ерлис Селмани на позиција среден бек, десните бекови Новица Михајлоски и Јордан Матески, Егзон Рушити на позиција голман, Јанко Серафимоски на позиција пикер, левото крило Виктор Угриноски и десното крило Милан Николоски, сите родени 2006 година.

Списокот на играчи е комплетиран, па новата сезона клубот од Гостивар ќе ја започне со амбиции за подобар пласман од изминатата сезона, во која тимот успеа да избори пласман во плеј-оф фазата.

Составот на Фари Селмани и Радислав Стрезовски пред стартот на прволигашкото друштво се засили и со искусниот Адис Салиу, кој се врати во матичниот клуб по интернационалната кариера во Косово, како и Мојсе Тасески, ракометар, кој во ланската сезона беше најдобар стрелец во дресот на Кичево.

Јехона, 2022/23:

Голмани: Христијан Павлоски, Егзон Рушити, Дарко Димитриески

Леви крила: Давор Стојкоски, Виктор Угриноски

Леви бекови: Адис Салиу, Новица Михајлоски

Средни бекови: Алтин Селмани, Ерлис Селмани

Десни бекови: Мојсе Тасески, Филип Илиески

Десни крила: Михајло Живковски, Јордан Матески

Кружни напаѓачи: Бобан Николоски, Бранислав Груевски, Томислав Стојаноски, Јанко Серафимовски