Ја користат кризата на најлутиот ривал: Валчеа „краде“ две ракометарки на ЧСМ Букурешт?

ЧСМ Букурешт поминува низ тежок период од финансиска гледна точка, многу од играчите се без плата скоро четири месеци, а конкурентот за титулата, Валчеа, сака да ја искористи оваа шанса.

Според информациите на романскиот „Фанатик“, Елизабет Омореги би можела да премине романскиот шампион во следниот трансфер период.

Валчеа се подготвува да му зададе нов удар на ЧСМ Букурешт откако минатата сезона им ја одзема титулата сега сакаат да им ја украдат една од најдобрите ракометарки. Тренерот Пера сака да ја искористи ситуацијата и е многу заинтересиран за трансфер на Омореги.

На 26 март истече рокот за исплата на платите, а бидејќи доцнат четири плати Омореги може да го раскине договорот со ЧСМ и да биде слободен играч. Доколу ракометарката поднесе барање за раскин на договорот, би можела да премине во Валчеа без обештетување.

Уште една ракометарка на ЧСМ Букурешт се поменува за можен трансфер кај главниот конкурент. Станува збор за Јелена Грубишиќ, која исто така може да замине од клубот слободно бидејќи нема земено плати за последните четири месеци.