Јапонија го откажа учеството на Азиското првенство, останува и без место за СП 2023

Во Саудиска Арабија од 18 до 31 јануари 2022 година ќе се одржи Азиското првенство во машка конкуренција. Ракометната федерација на Саудиска Арабија објави дека репрезентација на Јапонија го откажала своето учество, поради ситуацијата со коронавирусот.

Јапонците пред Нова Година играа на турнир со Полска и Холандија во градот Гдањск, а пред извесен период азиската земја го откажа учеството на ракометниот турнир во Шпанија бидејќи имаше позитивни случаи на коронавирус во нејзините редови.

Со откажувањето на Јапонија, на овогодинешното Азиско првенство ќе учествуваат вкупно 16 репрезентации, поделени во четири групи. Јапонија беше дел од Групата Д заедно со Бахреин, Хонг Конг, Узбекистан и Виетнам.

Репрезентациите кои ќе завршат од прво до петто место, ќе обезбедат директно учество на Светското првенство во 2023 година, на кое домаќини ќе бидат Полска и Шведска. Јапонија беше меѓу главните фаворити за висок пласман на Азиското првенство.