Јанкуловска со 15 гола не успеа да го спаси Пелистер од пораз, Чаир ги освои бодовите

Ракометарките на Чаир остварија нова победа во 12. коло од плеј-офот во Женската лига откако славеа на гостувањето во Битола против Пелистер со 30:31 и се зацврстија на петото место на табелтата.

Во првиот дел домашниот тим предводен од Јанкуловска одржуваше резултатска израмнетост. Иако Чаир отвори со 1:4 и 3:7 сепак Пелистер брзо се врати и до полувремето успеа да израмни, на паузаа беше 16:16.

Од почеток на вториот дел гостите имаа контрола на резултатот, предноста на Чаир се движеше од еден до четири гола. Во завршницата Пелистер успеа во два наврати да се доближи на само гол негатива но не успеа да избегне пораз.

Најефикасни во победничкиот тим на Чаир беа Стефанија Ѓеоргиевска со сеудм гола и Теодора Дукоска со шест. Во тимот на Пелистер убедливо најдобра беше Марија Јанкуловска со 15 погодоци, но и тоа не беше доволно за позитивен резултат.