Јанкуловска: Европските натпревари се голем мотив за нас помладите играчи

Екипата на Ѓорче Петров на реванш дуелот против Румс Јагс во рамки од третата рунда во Европскиот Куп повторно дојде до убедлива победа, овој пат со 40:26 и на најдобар можен начин го завери пласманот во осминафиналето во третото по ранг европско натпреварување.

Избраничките на Симе Симовски на првиот дуел, кој беше одигран вчера, забележаа победа со 45:26.

Една од подобрите на теренот во македонскиот шампион беше младата ракометарка Марија Јанкуловска, која на двата одиграни натпревари постигна вкупно осум погодоци и заедно со нејзината сестра Ангела беа предводничките во Ѓорче Петров

,,Се разбира дека овие натпревари во Европа се голем мотив за нас, за целата екипа, особено за помладите играчи. На првиот натпревар имав трема, мислевме дека ќе ни биде потешко, но како што се движеше натпреварот и како ја градевме предноста, тремата веќе ја снемуваше и веќе на вториот натпревар тремата исчезна. Мојата сестра (Ангела Јанкуловска) е мојата најголема поддршка и помош и од неа учам многу. Оваа екипа е тим кој што има многу квалитетни ракометарки и секоја од нив си има своја минутажа и мислам дека добро ни е поделена на сите”, изјави Јанкуловска.

Нов блесок на Ѓорче Петров, Румс Јагс си оди со преполна мрежа!