Јакобсен одбра – познат составот за СП на светскиот првак Данска

Селекторот на Данска, Николај Јакобсен, го скрати списокот пред настапот на Светското првенство во Полска и Шведска.

Јакобсен ќе смета на 18 ракометари, меѓу кои има четворица што може да дебитираат на големо натпреварување – Симон Питлик и Лукас Јоргенсен од ГОГ Гудме, Мадс Хоксер од Алборг и Ласе Мелер од Фленсбург.

Тука се ѕвездите Хансен, Лауге, Ларсен, Гидсел, Ландин…па Данска сигурно ќе биде еден од главните фаворити за светската круна.

Данска е во група со Белгија, Бахреин и Тунис, а натпреварите ќе ги игра во Малме и ќе биде практично на домашен терен со оглед на близината на овој шведски град со Копенхаген.

Подготовките стартуваат на 2 јануари, а пред стартот на СП ќе бидат одиграни две пријателски средби против Саудиска Арабија на 5 и 7 јануари.