Јагањац: Сигурно и Еурофарм Пелистер е истрошен, важно е кој прв ќе се опорави

Халил Јагањац беше еден од најдобрите во победата на Нексе во саботното дерби против Загреб, а сега го најави и натпреварот против Еурофарм Пелистер во осминафиналето од Лигата на Европа.

Јагањац порачува дека растеретени влегуваат во двомечот против битолскиот тим.

„На почетокот на сезоната стравувавме дали воопшто ќе се квалификуваме во Европската лига. Ждребот не ни баш наклонет. Имавме страшна данска екипа во квалификациите. Сега сме растеретени, одлично ја продолживме сезоната, добро работевме и сме вредени. Навистина сме како семејство. Се дружиме и надвор од теренот“.

Како и Нексе и Еурофарм Пелистер играше дерби во саботата против Вардар во кое како и тимот од Нашице запиша победа.

„Сигурно и тие се истрошени како и ние, тука е важно кој побрзо ќе се опорави, очекувам одлична атмосфера“, изјави Јагањац.

Првиот натпревар од двомечот помеѓу Е.Пелистер и Нексе се игра утре од 18:45 часот во Нашице.