Ѕвездите од НФЛ учат ракомет – на тренинзи со Манасков и Веспрем (ФОТО)

Екипата на Веспрем е домаќин на поранешните НФЛ ѕвезди Девин Гарднер и Дејл Фароу-Харис кои пристигнаа во Унгарија да научат нешто повеќе за ракометната игра од играчите на еден од најдобрите европски клубови.

Гарднер и Фароу-Харис веќе го имаа првиот тренинг со екипата на Момир Илиќ и се воодушевени од првите впечатоци и професионалноста на сите играчи.

Американските играчи ќе се обидат да соберат што повеќе искуство кое ќе им помогне во промоција на играта во САД.

Ракометот има многу мала популарност во САД но во пресрет на Олимписките игри во 2028 година на која се домаќини американците сакаат да формираат конкурнетен тим.

Како изгледаа на терен поранешните НФЛ играчи заедно со играчите на Веспрем може да погледнете на следните фотографии.