Ѓорѓиевска со фантастична партија, Магура славеше над фаворизираната Дунареа

Тимот на Магура Чиснадие, каде што настапува македонската репрезентативка Елена Ѓорѓиевска, забележа триумф во натпревар од 24 коло во романскиот шампионат.

Магура ја совлада фаворизираната Дунареа Браила со 30-27 и се искачи на петтото место на табелата, со големи шанси и за уште погоре до крајот на сезоната.

Ѓорѓиевска беше најефикасна на теренот и постигна девет погодоци од десет обиди, а Хрватката Блажевиќ додаде уште осум.

Тимот на Бузау каде што игра Елена Ливриниќ, го победи Залау со 25-23, а македонската репрезентативка имаше четири гола од четири обиди.