Ѓорѓиевска и Илкова дадоа 13 погодоци, Измир славеше со 21 разлика над Пазарспор

Тимот на Измир, каде што играат двете македонски интернационалки – Душица Ѓорѓиевска и Ленче Илкова, оствари нова победа во турскиот шампионат.

Измир славеше на домашен терен над составот на Пазарспор со убедливи 51-30, а нашите ракометарки имаа важна улога во триумфот.

Илкова погоди седум пати во гостинскиот гол, додека Ѓорѓиевска шест пати се запиша во листата на стрелците.