Ѓорѓески ја „спушти“ ролетната

Македонскиот интернационален Даниел Ѓорѓески продолжува со одличните настапи во шампионатот на Унгарија.

Ѓорѓески со Будакалаш во натпревар од 21. коло во унгарскиот шампионат на незгодното гостување кај Комлои одиграа реми, 27:27.

Голманот од Македонија натпреварот го заврши со 11 одбранети удари, од кои пет беа во воведниот дел кога неговиот тим одлично стартуваше против домаќинот победувајќи со 5:0.

Будакалаш со освоениот бод теоретски останува во игра за пласман во Европа, но до крајот треба да се надмине себе си и победи на останатите пет натпревари.

Тимот на Ѓорѓески во последните пет кола за ривали ги има Балатонфуреди, Дабас, Веспрем и Гионсгиоси.