Ѓорче Петров убедлив против Деспина, му „дише во врат“ на Куманово

Ракометарките на Ѓорче Петров ја продолжуваат битката за титулата во Женската лига, откако славеа убедливо на гостувањето кај Деспина во Прилеп со убедливи 17-29.

По нерешените 8-8 во првиот дел, гостинките погодија четири пати по ред за 8-12, резултат со кој се замина на пауза, а овој период ќе се покаже како клучен за исходот на мечот.

Во второто полувреме избраничките на Симе Симовски заиграа уште подобро. Со серија од пет гола зголемија на 8-17 и веќе беше јасно каков тек ќе има овој натпревар. До крајот само рутински беше одржана високата предност.

Најдобри стрелци кај Ѓорче Петров беа крилата Анастасија Белевска и Анастасија Николовска со по четири гола, додека кај Деспина четири ракометарки постигнаа по три гола – Рипилоска, Гулеска, Димитрова и Петреска.

Сега Ѓорче Петров има 33 бода на второто место, а Куманово е прв со 36 бода, а овие две екипи ќе имаат меѓусебен двобој кој ќе биде клучен за шампионската титула.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ14121137
2КУМАНОВО14101331
3ЧАИР14100430
4ВАРДАР1481525
5ПЕЛИСТЕР 20121442814
6СТРУЖАНКА1411124
7ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.1411124