Ѓорче Петров се засили со нова репрезентативка

Актуелниот шампион на Македонија, Ѓорче Петров за натпреварите од плеј-оф фазата од македонската Суперлига се засили со нова репрезентативка.

Во Ѓорче Петров пристигна Ива Божиноска, која ќе биде од голема помош за тимот на Симе Симовски, со оглед на тоа дека игра како среден и лев бек.

Божиноска од сезона 2019/20 настапуваше за Металург и во последните сезони е меѓу најдобрите стрелци во Женската лига.

24-годишната ракометарка во својата кариера играше за првиот и вториот тим на Вардар, како и за Пелистер.

Ѓорче Петров во плеј-оф фазата ќе се бори против екипите на Металург, Чаир, Куманово, Пелистер, Вардар, Стружанка и Овче Поле СУ.

Избраничките на Симовски во разигрувањето за титулата ќе стартуваат со 18 бода, додека главните конкуренти Металург, Чаир и Вардар плеј-оф фазата ќе ја започнат со 12 бода.