Ѓорче Петров против Австријки, Чаир против истиот ривал на Куманово

Тимовите на Ѓорче Петров и на Чаир ги дознаа своите ривали во третото коло од Европскиот Куп.

Чаирчанки ќе се соочат со составот на Макаби Аразим Рамат Ган од Израел, кој во претходно коло играше со Куманово и го елиминираше со две победи.

Ѓорче Петров го доби австрискиот тим Румс Џегс, па во македонскиот првак може да бидат задоволни од ривалот.

Првите натпревари од третото коло ќе се играат на 3/4 декември, додека реваншите се на програмата на 10/11 декември.

Ѓорче Петров во претходната фаза го елиминираше тимот на КА Тор од Исланд, додека Чаир беше подобар во двомечот со косовскиот Истогу.