ЃОРЧЕ КУП 2021: „Деветка“ за Коларовска, Ѓорче Петров со триумф над Чиле

Ракометарките на Ѓорче Петров ја забележаа првата победа на турнирот во нивна организација, откако славеа над репрезентацијата на Чиле со 28-25.

Чиле водеше само на стартот со 1-0, а потоа се беше во знакот на „лавиците“ од Ѓорче Петров. Водеа избраничките на Оливер Димитриоски и со четири гола, но по првото полувреме водеа само со плус два, 12-10.

За првпат Ѓорче Петров стигна до плус пет, 20-15 на средината на вториот дел, а до крајот немаше проблеми да ја одржи предноста за конечна победа со 28-25.

Најдобар стрелец беше Ана Марија Коларовска со девет гола, шест постигна Симона Стојановска, додека Анастасија Белевска погоди четири пати. Кај Чиле се истакна Ромина Рамирез со девет гола.

Утре Ѓорче Петров ќе се соочи со српскиот тим Бор, кој во првото коло загуби од Чиле со 26-24.