ЃОРЧЕ КУП 2021: Ана Марија Коларовска е МВП, Симона Стојановска нај стрелец

Првото издание на „Ѓорче Петров Куп“ заврши, а освојувач на трофејот е организаторот на турнирот кој во финалето ја совлада екипата на Вардар со 28:23.

После завршувањето на финалето беа поделени индивидуалните награди за најдобрите ракометарки. Три признанија им припаднаа на ракометарки од Ѓорче Петров и едно признание на играч на Вардар.

За најкорисен играч на овој турнир беше прогласена ракометарката на Ѓорче Петров, Ана Марија Коларовска. Таа во текот на целиот турнир го водеше својот тим до победите, а во финалето постигна осум погодоци.

Најдобар стрелец на Ѓорче Петров Куп беше исто така ракометарка на Ѓорче Петров, а тоа е Симона Стојановска со вкупно 22 гола. Во финалниот натпревар таа постигна 10 гола. За најдобар голман беше прогласена Андреа Илиќ од Вардар, додека за најдобар млад играч признание доби Ива Велкова која во финалето погоди три пати.