Ѓорчепетровки со нова ракометарка, дојде Николиќ од Металург

Екипата на Ѓорче Петров која влезе со подновен тим во оваа сезона има ново име за пролетниот дел од сезоната, а засилена е бековската линија со Милица Николиќ.

Левиот бек на Металург си замина од Автокоманда и ќе продолжи меѓу ѓорчепетровки каде што ќе биде добро засилување за вториот дел од сезоната со оглед на тоа што станува збор за ракометарка која веќе неколку години е дел од Супер лигата.

Николиќ игра на позицијата лев бек и располага со добар шут од далечина така што ќе биде освежување во играта на Ѓорче Петров.

Инаку, тимот веќе тренира за вториот дел од сезоната и настапот во плеј-офот, а јасно е дека конкуренцијата ќе биде голема во трката за подобар пласман. Ѓорче Петров е еден од кандидатите за титулата така што претстои интересна полусезона.

Деновиве ќе биде познато дали ќе има уште некое засилување или составот останува ист како и во есенскиот дел, но посилен за Николиќ.