Ѓер само со бод од Москва – Сара Ристовска и ЦСКА со реми против шампионките

Ракометарките на Ѓер не успеаја да ја потврдат улогата на фаворитки на дуелот против ЦСКА Москва и од гостувањето во Русија се враќа со бод после ремито од 27:27.

И двете полувремиња завршија со нерешен резултат. На полувреме беше 14:14, а потоа во вториот дел 13:13 така што беше одигран рамноправен натпревар.

Сара Ристовска доби шанса во второто полувреме и успеа трипати да ја затресе мрежата на противникот од Унгарија. Средбата ја заврши со реализација од 75 проценти.

Овој бод е од големо значење за дебитантот во Лигата на шампионите така што сигурно ќе даде голем поттик за следните средби. Инаку, во 2. коло ќе има нов интересен дуел бидејќи в сабота на 19 септември тимот на ЦСКА Москва гостува во Црна Гора кај Будуќност.

На оваа средба Едуарда Аморим Талеска погоди четирипати и тоа од десет обиди, додека поранешната голманка на Вардар, Амандин Лејно собра 17 интервенции со успешност од над 30 проценти.