Ѓер ги задржува најдобрите – Офтедал и Блом остануваат уште една сезона

Унгарскиот првак Ѓер објави дека се потпишани нови договори со две ракометарки од актуелниот играчки кадар.

Станува збор за норвешкиот среден бек Стине Офтедал и шведскиот кружен напаѓач Лин Блом, кои ќе го носат дресот на Ѓер и во сезоната 2023/24.

Офтедал игра во Ѓер од 2017 година и настапи досега на 214 натпревари накои постигна 874 погодоци.

Со Ѓер ја освои титулата во Лигата на шампионите два пати, а по три трофеи има во Купот на Унгарија и унгарското првенство.

Блом минатата сезона дојде во Унгарија од романскиот тим Баја Маре и веднаш ги освои симпатиите на навивачите и раководството.