Шундовски почна да реди победи со Ал Рајан

Тренерот кој како селектор на Македонија го има забележано најголемиот успех на сениорска селекција освојувајќи го 5. место на Европското првенство во 2012 година, Звонко Шундовски одлично стартуваше со својата работа во тимот на Ал Рајан.

Со новата победа забележана на средбата против Ал Шамал од 29:21 тој успеа да го искачи тимот на првото место во најсилната лига на Катар така што ги остварува плановите кои ги имаше при ангажманот.

Ал Рајан со ова се претвора во кандидат за титулата во Катар и сега сите ривали сигурно ќе го гледаат со далеку поинакви очи и сигурно ќе се подготвуваат далеку посилно.