Штутгарт го сопре шампионот Фленсбург

Во 11. коло од Бундес лигата Пешевски и Штутгарт беа домаќини на шампионот Фленсбург и успеаја да му откинат бод. Во неизвесен дуел на крајот екипите ги поделија бодовите, а мечот зврши 23:23.

Изненадувачки Штутгарт започна квалитетно против фаворитот. Поведе со 3:0 и успешно го одржуваше водството во текот на првиот дел. На полувреме имаше предност 13:12.

Израмнетата игра продолжи и во вторите 30 минути. Фленсбург прв пат поведе во 57 минута и беше на чекор до победа. Сепак, во последниот напад Штутгарт погоди  и стигна до бод.

Пешевски за својот тим постигна еден погодок, а најефикасен беше Циклер со шест гола. Во екипата на Фленсбург, Гола со пет погодоци беше најпрецизен.