„Штрлек ќе го вратиме во репрезентацијата, но потоа нема толеранција за никого“

Веќе никој нема да може да игра за Хрватска кога тој ќе сака, беше јасен Зоран Гобац околу случајот со Мануел Штрлек. Левото крило откако го пропушти Европското првенствот изрази желба повторно да биде во тимот.

Писмото во кое Штрлек побара да поторно да биде дел од репрезентацијата стигна до водечките луѓе во ракометната федерација на Хрватска и ставот е дека може да повторно да биде дел од националниот тим, но ќе мора да биде спроведена процеудрата.

„Јас сум апслолутно Штрлек да се врати во репрезентацијата. Само тој ќе биде последниот кој ќе го искористи ова право. Веќе никој никогаш нема да може да игра за Хрватска кога тој ќе посака“, беше јасен Гобац.

Претходно по ова прашање се огласи и селекторот Лино Червар кој рече дека Штрлек секако ќе биде дел од репрезентацијата доколку се решат несогласувањата со ракометниот сојуз на Хрватска. Червар како селектор кој првпат го повика во репрезентацијата секако ќе смета на него и на наредните дуели.