Штрлек пред Вардар: Чуда се случуваат, мора да бидеме вниманителни

Ракометарите на Вардар во Скопје претрпеа тежок пораз од Веспрем во првиот натпревар од осминафиналето во реваншот од Лигата на шампионите (22:30) и унгарскиот претставник е блиску до пласман во четвртфиналето.

Сепак, ракометарот на Веспрем, Мануел Штрлек истакна дека неговиот тим мора да биде претпазлив, а сака и победа пред домашната публика.

„Имаме голема предност, но видовме дека во ракометот може да има шокантни резултати и затоа мораме да бидеме внимателни. Сакаме да се покажеме во најдобро светло и да победиме на домашен терен, затоа што потоа во април не чекаат многу важни натпревари“.

Веспрем и Вардар реваншот во „Веспрем Арена“ го играат в четврток во терминот од 18:45 часот како што беше случај и во Скопје.