„Што ми донесе успех со Вардар – посветеност, напорна работа и служба на тимот 24 часа!“

Поранешниот стратег на Вардар, Роберто Гарсија Парондо, кој сега е селектор на Египет, ја освои титулата на Африканскиот Куп на нации во јануари.

За шпанскиот „АС“, Парондо ја откри формулата за неговиот и за успесите на сите шпански тренери.

„Првата година со женската екипа на Вардар стигнав до финалето на ЛШ, а во втората освоив европска титула со машката екипа, како што беше и во третата сезона, кога го освоив Африканскиот куп. Но, знам дека ништо не е случајно, туку станува збор за напорна работа. Всушност, мислам дека поради тоа успеваат и сите шпанските тренери низ светот – посветеност, работа, служба на колективот 24 часа ако е потребно. Секогаш кога излегуваме на терен сакаме да го извадиме максимумот од играчите. На Ф4 во 2019 година бевме четири шпански тренери на клупата, а сите се чудеа. Се работи за работната етика“, изјави Парондо.

Јавноста во Египет има големи очекувања од Парондо и неговата репрезентација на претстојниот Мундијал во 2021 година.