Што е заедничко за Вардар, Барса, ПСЖ и Кил?

Оваа сезона е петта и последна во која Лигата на шампионите во машка конкуренција се игра по ваков систем (28 екипи во четири групи). Од следната 2020/2021 година, во елитата ќе играат само 16 екипи, поделени во две групи.

Во сезоната 2015/2016 кога за првпат се играше по овој систем, првите места во групите А и Б, кои водат директно во четвртфинале ги освоија ПСЖ и Барселона. Четири години по ред, овие два тима и македонскиот шампион Вардар, беа трите екипи што го завршувале регуларниот дел на првите места во групите, но таа традиција ја прекина бундеслигашот Кил.

„Зебрите“ станаа прв победник на група од Германија и четврт тим што бил на првото место по Барса, ПСЖ и Вардар.

2015/2016: ПСЖ и Барселона
2016/2017: Барселона и Вардар
2017/2018: Вардар и ПСЖ
2018/2019: Барселона и ПСЖ
2019/2020: Барселона и Кил