Штериова и Ливриниќ добиваат балканско друштво – во Бузау доаѓаат Батиновиќ и Ненезиќ

Репрезентативката на Црна Гора и ракометарка на Валчеа, Марта Батиновиќ, следната сезона останува во Романија но ќе брани во друг клуб. Искусната голманка од Хрватска за следната сезона ќе биде прв избор на голот на Глориа Бузау, тим во кој настапуваат и репрезентативките на Македонија, Марија Штериова и Елена Ливриниќ.

Батиновиќ има богато интернационално искуство зад своето име. Во Валчеа пристигна во 2019 година, а пред тоа го носеше дресот на Будуќност и Подравка. Со тимот од Подгорица ја освои Лигата на шампионите во 2015 година.

Истата година беше прогласена и за ракометарка на годината во Хрватска. Сепак во 2019 година донесе одлука која ги изненади сите. Реши да се повчеле од репрезентацијата на Хрватска и да се придружи во црногорската репрезентација предводена од тогашниот селектор, Драган Аџиќ.

Покрај Батиновиќ, во тимот на Бузау од следната сезона би требало да брани и втората црногорска репрезентативна голманка Љубица Ненезиќ. Таа оваа година брани за Дунареа Браила.

Глориа Бузау има високи амбиции за следната сезона, а во овој момент прикажува солидни партии во романскиот шампионат. Моментално екипата е на 5. позиција во конкуренија од 16 тимови.