Штериова и Баја Маре до сензационален бод кај ЧСМ Букурешт, Лекиќ спаси нов срам!

Иако по триумфот над францускиот Мец, сите помислија дека кризата е завршена во ЧСМ Букурешт, сепак последниот натпревар од романскиот шампионат против Баја Маре покажа дека не е така.

Иако домаќинките водеа со 23-20 во финишот, сепак Баја Маре стигна да направи пресврт и со четири гола во серија, од кој последниот на македонската интернационалка Марија Штериова, стигна до 23-24 на триесетина секунди до крајот.

Радоста на гостинските ракометарки им ја скрати Андреа Лекиќ, која стрелаше во последните секунди за 24-24 и поделба на бодовите. Овој кикс може скапо да го чини ЧСМ Букурешт, и сега главен фаворит за титулата повторно е Валчеа.

Штериова беше една од најдобрите поединки во гостинскиот состав и постигна четири погодоци.