Штербик останува на терен, сопругата го премислува да продолжи да игра

Еден од најдобрите голмани на сите времиња, Арпад Штербик пред десетина денови објави крај на неговата кариера. Поранешниот голман на Вардар се одлучи на ваков чекор поради пандемијата на вирусот корона, а истата го забрза неговото заминување во пензија кое требаше да биде после новото играње на Ф4 турнирот во Келн.

Сепак, последните изјави од него цела дека неговата сопруга Моника сè уште го наговара да не се опростува од ракометот и да ја продолжи кариерата.

„Знаете, јас сум како дизел, тешко тргнувам и ми треба време за да ја достигнам работнта температура. Не сум подготвен за нов почеток, едноставно се заситив од ракометот. Сопругата Моника ме убедува да ја продолжам кариерата и да издржам до крајот на годината за простувањето да биде поубаво. Сè е тоа убаво, но јас повеќе немам желба за нов почеток“, вели Штербик.

Тој е сигурен дека ќе остане во ракометот, но засега нема коментари околу тоа која ќе биде неговата следна задача во светот на спортот каде што беше повеќе од две децении. Во кариерата беше на голот на Југовиќ, Веспрем, Сиудад Реал, Атлетико Мадрид, Барселона, Вардар и повторно на крајот Веспрем.