Штербик: Научив многу од Дејан Периќ, тој е најдобриот голман во историјата

Арпад Штербик одлучи по крајот на сезонава да заврши со активното играње ракомет и да се пензионира.

Со оглед на стуацијата со коронавирусот можеби тој веќе го одигра послениот натпревар во неговата кариера.

Во интервју за шпанската Марка, Штербик говореше за најдобрите моменти во неговата кариера, од кого научил најмногу и кој е најдобриот голман според него.

„Најдобрите моменти во мојата кариера се првата победа во Лигата на шампионите со Сиудад Реал и освојувањето на бронзениот медал со репрезентацијата на Југославија во Египет во 1999 година. Медалот освоен на 19 годишна возраст никогаш нема да го заборавам. Научив многу од Дејан Периќ и тој еден од најдобрите голмани во историјата според мене но си според многу други“, рече Арпад Штербик.

Штербик беше дел од составот на Вардар во 2017 година кога за прв пат стана европски шампион црвено-црниот тим. Сегашниот голман на Веспрем исто така говореше и како се справува со ударите на ракометарите кои се сè посилни.

„Ударите кои одат со над 120 километри на час не се невообиаени. Многу е тешко да се подготвите за нив. Буквално морате да бидете во можност да ги прочитате мислите на шутерот. Јас играм со глава, има голмани кои се подобро физички подготвени, но главната работа е да процените каде ќе оди топката“, заврши Штербик.