Шпанците ги одбраа ракометарите за Олимпијада (ФОТО)

Селекторот на Шпанија, Жорди Рибера се изјасни за составот на кој смета за Олимписките игри во Токио.

Иако на натпреварите ќе може да има 14 пријавени играчи тој има 16 ракометари кои ќе патуваат на игрите во Јапонија.

Во составот на Рибера се најдоа голманите Гонзало Перез де Варгас и Родриго Коралес, како и: Раул Ентрериос, Хорхе Македа, Гедеон Гвардиола, Анхел Фернандез, Виран Морос, Дани Сармиенто, Едуардо Гурбиндо, Алекс Душебаев, Антонио Гарсија, Адриа Фигерас, Феран Соле, Алеиш Гомез, Хулен Агинагалде и Валеро Ривера.

Во тимот ги нема Жоан Канељас и Санчез Мигалон. И двајцата имаат повреди и не се во можност да настапат.

Шпанија се наоѓа во Групата А со селекциите на Норвешка, Франција, Германија, Бразил и Аргентина.