Шпанските тренери се на цена, ги поседуваат сите титули по континенти

Тренерите од Шпанија доминираат и понатаму особено кога се работи за освојувањето на титулите на големите натпреварувања.

Сите четири шампионати во моментов ги поседуваат селектори кои доаѓаат од Шпанија, а тројца од нив седат на туѓа клупа.

Жорди Рибера ја одбрани круната со Шпанија и две првенства по ред доминира на овие шампионати. „Фуријата“ е неприкосновена во последните првенства, а на последното заврши без пораз.

Легендарниот Валеро Ривера со Катар дојде до уште едно првенство на Азија. Стигна до убедлива победа против Јужна Кореја покажувајќи дека има одлична репрезентација која веќе си обезбеди и учество на следниот Мундијал.

Екс-тренерот на Вардар, Роберто Гарсија Парондо покрај тоа што беше успешен како тренер и во моментов е актуелен првак во Лигата на шампионите, покажа дека може да биде еднакво добар и како селектор и на првото големо натпреварување со Египет дојде до титулата.

Тука е и Маноло Каденас кој со Аргентина победи на првиот шампионат кој се нарекува првенство на Јужна и Централна Америка, а е наследник на Пан-Американските игри.

ШАМПИОНИ

ЕВРОПА: Шпанија (Жорди Рибера)

АФРИКА: Египет (Роберто Гарсија Парондо)

АЗИЈА: Катар (Валеро Ривера)

ЈУЖНА И ЦЕНТРАЛНА АМЕРИКА: Аргентина (Маноло Каденас)

ЛИГА НА ШАМПИОНИ: Вардар (Роберто Гарсија Парондо).