Шпанија го декласира Алжир, Македонија ќе игра полуфинале на Медитеранските игри!

Машката репрезентација на Македонија направи одличен успех и обезбеди полуфинале на Медитеранските игри во Алжир.

По убедливиот триумф на Шпанија над Алжир со 31-19, стана јасно дека домаќинот нема шанси да напредува од третото место во групата.

Македонија со две победи, едно реми и еден пораз, како и со подобра гол-разлика од Алжир, го освои второто место со пет бода и се пласира во полуфиналето.

Ривал на нашата селекција ќе биде силниот Египет, кој игра во најсилен состав во Алжир, додека во второто полуфинале ќе се сретнат Шпанија и Србија.

Мечот меѓу Македонија и Египет ќе се игра на 4 јули од 14:00 часот.