Шок за Лазаров и Нант на отварањето на сезоната во Франција

На првиот натпревар во новата сезона Кире Лазаров и Нант гостуваа кај Сесон Рен и неочекувано беа поразени со 27:29 после голема борба и неизвесност.

Домашниот тим започна одлично, поведе со 3:0, а после само седум минути беше 7:3. Ефикасната игра продолжи но Нант немаше решение за играта на противникот. Дури во завршните минути од првиот дел за првпат поведен Нант и на полувреме замина со водство од 15:13.

Второто полувреме беше максимално израмнето, се играше со постојани промени на водството на двете екипи, а во завршните минути се влезе со нерешен резултат. Рен погоди за 28:27, Нант имаше напад за израмнување, но не реализираша што на домаќинот му донесе голема победа.

Кире Лазаров беше дел од екипата на Нант и натпреварот го заврши со шест погодоци, со максимална ефикасност од седум метри. Сите пет седмерци ги реализираше, но во клучните моменти од натпреварот не успеа да погоди и да го спаси својот тим од пораз.