Шест македонски тренери по Мастер Коуч лиценца

Друштвото на македонски тренери кои поседуваат Мастер Коуч лицена ќе се зголеми во следната 2021 година. Шестмина стратези вчера започнаа да ги слушаат предавањата од првиот Модул во организација на Ракометниот Сојуз на Србија, но поради актуелната ситуација, тие се онлајн и ќе се одржуваат до 26 декември.

Станува збор за Адриано Котевски, асистент тренер во тимот на Прилеп, Андријана Будимир – тренер на прволигашот Скопје, Игор Котевски – тренер на Металург 2, Божидар Мојсов – асистент тренер во Еурофарм Пелистер, Ице Соколески – тренер на голмани во битолскиот клуб, како и Кирил Атанасовски кој работи во школите на КЛ7.

Вториот Модул ќе биде на крајот на тековната сезона во јуни, додека третиот и завршен Модул би требало да биде со физичко присуство на крајот на декември следната година.

Од претходно, тренери со Мастер лиценца се Стевче Алушовски, Звонко Шундовски, Борче Марковски, Аце Станковски, Данило Брестовац, Андон Бошковски, Раде Стојановиќ, Симе Симовски, Александар Јовиќ, Благојче Весиќ, Никола Матлиески, Владимир Паноски, Индира Кастратовиќ, Зоран Кастратовиќ, Душко Кландев, Рубин Кузманоски, Владимир Глигоров…