Шего и Петерсон „избегаа“ навреме, другите уште се во карантин

Повеќето од членовите на екипата на Монпелје од Франција, а таму има голем број на интернационалци и понатаму се во карантин со оглед на фактот дека коронавирусот и понатаму е во голема мера присутен низ сите земји низ светот.

Најголемиот дел од играчите не си заминаа и решија да останат, па сите се во исчекување на подобри вести.

Меѓу оние кои први решија да ја искористат можноста да си отидат беа голманот од Хрватска Марин Шего и Швеѓанецот Петерсон.

Меѓу оние кои уште се наоѓаат во Монпелје и чекаат дозвола за заминување се Португалецот Дуарте, браќата Мањоне од Италија, голманот од Швајцарија, Портнер, Аргентинецот Симонет, Тунижанецот Суси…

Со оглед на тоа што сезоната е завршена, ова ќе им биде само долг претстој без клупски обврски.