Шеваљевиќ ќе дебитира за Вардар, без Дисингер и Кантегрел против Нексе (ФОТО)

Ракометарите на Вардар ги очекува пресметката против хрватскиот вицепрвак Нексе Нашице во регионалната СЕХА лига.

Стратегот Стевче Алушовски на овој дуел нема да смета на услугите на Робин Кантегрел и на повредениот Кристијан Дисингер, кој има истегнат мускул.

По краткиот одмор по настапите во Египет, во ростерот се враќаат Иван Чупиќ и  Патрик Валчак.

На голот покрај Ристовски, ќе биде и младиот Марко Кизиќ, кој исто така подолго време беше надвор од составот.

Натпреварот меѓу Вардар и Нексе се игра вечерва од 20:15 часот во СЦ „Јане Сандански“.