Шведска свирка за Вардар и Порто

Првиот натпревар од Лигата на шампионите ракометарите на Вардар треба да го одиграат в четврток на 4 февруари на гости кај Порто.

Европската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за заостанатите натпревари, а средбата меѓу Порто и Вардар во „Драгао Арена“ ќе има шведска арбитража.

Станува збор за судиите Мирза Куртагиќ и Матијас Ветервик, кои требаше да бидат дел од СП, но едниот имаше коронавирус и не делеа правда во Египет.

Делегат на натпреварот што ќе се игра на 4 февруари од 20:45 ќе биде Португалецот Антонио Гулао.

Вардар досега одигра пет меча во елитното натпреварување со биланс од една победа, едно реми и три порази. Останува да одигра по два меча со ПСЖ, ПИК Сегед и Елверум, како и по еден со Порто, Мешков Брест и Фленсбург.