Швајцарија со Шмид и Портнер на мегдан со Македонија

Репрезентацијата на Македонија циклусот квалификации за Европското првенство 2022 година ќе ги започне на 4 ноември против Финска на домашен терен.

Втор противник ќе биде репрезентацијата на Швајцарија, а нивниот селектор веќе го соопшти списокот на ракоемтари на кои ќе смета во овој циклус.

На списокот на репрезентацијата на Швајцарија се најдоа 20 ракоmeтари, а меѓу нив има добро познати имиња. Преводник на Швајцарците е средниот бек Енди Шмид кој настапува во Рајн Некар. Исто така дел од репрезентацијата е и голманот Никола Портнер.

Напреварот се игра на 7 ноември во сабота во градот Цуг. За овој дуел Швајцарците веќе ги имаат пуштено во продажба влезниците. Според протоколите во салата може да има максимум 3.800 гледачи кои мора да ги почитуваат строгите заштитни мерки.

Список на Швајцарија:

Мехди Бен Ромдан (Кадетен Шафхаузен)
Oрел Бринголф (Сент Гален)
Максимилијан Гербл (Кадетен Шафхаузен)
Леонард Грациоли (Арау)
Дмитриј Кител (Кадетен Шафхаузен)
Марвин Лиер (Винтертур)
Лука Марос (Кадетен Шафхаузен)
Лукас Мејстер (Минден)
Ален Милошевиќ (Лајпциг)
Никола Портнер (Шамбери)
Николас Реми (Вакер Тун)
Самуел Ротлисбергер (Штутгарт)

Лени Рубин (Вецлар)
Joнас Шелкер (Кадетен Шафхаузен)
Енди Шмид (Рајн Некар)
Роман Сидорович (Винтертур)
Михал Швајлен (Винтертур)
Ник Томинец (Кадетен Шафхаузен)
Седри Тиновски (Винтертур)
Самуел Зендер (Кадетен Шафхаузен)

Во групата освен Финска и Швајцарија е и репрезентацијата на Данска.

Првопласирните две екипи од секоја група обезбедуваат директен пласман на Европското првенство. Исто така на ЕП ќе играат и четирите најдобри кои ќе бидат на трето место во својата група.