Швајцарија го поништи првенството, годинава нема да има шампиони

Ракометната федерација на Швајцарија на 13 март одлучи да стави крај на сезоната, а вчера донесе одлука првенството да биде поништено така што нема да има шампиони за овој шампионат.

Според тоа во оваа сезона нема да има ниту шампиони ниту клубови кои ќе треба да ја напуштат елитата. Едноставно на клубовите им е оставено само до 27 март да се изјаснат околу играњето за следниот шампионат.

Засега нема информација што ќе се случува со Куп натпреварувањето. Како што течат работите раководните лица на машката и на женската лига имаат кратко време за да достават предлози околу тоа кои екипи ќе ја претставуваат Швајцарија следната сезона во европските купови.