Швајцарија ги отвори картите – Со Шмид, Портнер, Милошевиќ… на гости во Македонија (ФОТО)

Машката сениорска репрезентација на Македонија обезбеди место на Европското првенство во Унгарија и Словачка во 2022, но ја очекуваат уште две средби од квалификациите.

На Финска ќе и гостуваме на 29 април во гратчето Рихимаки, додека на 2 мај во Скопје, избраниците на Кире Лазаров ќе се соочат со Швајцарија.

Швајцарскиот селектор Михаел Шутер ги одбра ракометарите што ќе ги одиграат двете последни средби од квалификациите за ЕП.

Во Скопје ќе гостуваат Енди Шмид, Никола Портнер, Ален Милошевиќ, како и Лукас Меистер, кој игра во одлична форма во Бундес лигата, а деби повик има за Михаел Кусио од Берн Мури.