Барселона отвори во шампионски стил, тргна со победа од Германија

Екипата на Барселона која ја брани титулата освоена минатата сезона во Лигата на шампионите забележа победа на стартот од новата сезона откако на гостувањето кај Флензбург дојде до триумф од 25:21.

Барселона беше подобриот ривал  на средбата и беше во водство од почеток. Имаше малку погодоци, но и покрај тоа што Каталонците се со нов тренер и нешто изменат состав во кој го нема веќе Палмарсон имаа контрола.

После 13:10 на одмор во продолжение немаше никаков проблем да се остане во предност. Флензбург успеа да се задржи на негатива која даваше надежи, но немаше шанси за нешто повеќе. На крајот беше25:21 за Барселона, а доколку ракометарите не подзастанеа разликата можеше да стане и повисока.

Де Варгас беше на свое ниво и забележа 16 интервенции, додека неговиот колега од Флензбург, Буриќ заврши со 17 одбрани. Дика Мем беше најефикасен играч на Барселона со седум гола, шест имаше Ричардсон, а пет Гомез Абељо. Во Флензбург по шест гола имаа Ване и Менсинг.